Повеќе од 11.000 учесници на скопските улици: Заврши 19-то издание на Виз Ер Скопски маратон

од Radmila Tasevska
1,4K прегледи

Над 11.000 тркачи од повеќе од 45 земји од светот, утрово ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу задоволни лица. Ваква беше сликата на стартот на 19то издание на Виз Ер Скопски маратон.

Трките започнаа точно во 8 часот и тркачите на маратон, полумаратон штафетниот маратон „ЕУ за спортот”, од кај старата Градска општа болница „Св. Климент Охридски”, поминаа низ плоштадот „Македонија” и од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов се упатија кон Хром. Учесниците на 5км својата трка ја започнаа од „Рекорд” кон Аеродром. Финишот на сите трки беше плоштадот „Македонија”, како традиционалното место за завршување на Виз Ер Скопскиот маратон.

На овогодинешното издание на Виз Ер Скопски маратон, победник во машка конкуренција беше Виктор Киплагат Серем од Кенија со време од 02:15:09, второто место го освои Лабан Черуијот од Кенија со време од 02:16:03, а пиедесталот го дополни нашиот натпреварувач Дарио Ивановски со време од 02:19:08.

Во женска категорија прва до целта стигна Рут Чемисто Матебо од Кенија со време од 02:44:17, второпласирана заврши Мерси Јебичи Кипкемои од Кенија со време од 02:44:52 и третото место го освои Марија Врајиќ од Хрватска со време од 03:12:51.

Слични содржини