165
Сенегалската морнарица во пизминатите три дена пресретнала повеќе од 600 мигранти кои од брегот на таа земја се упатиле кон Европа, соопштија денеска локалните власти.
Морнарицата на социјалните мрежи соопшти дека вчера спасила 262 мигранти, меѓу кои 26 жени и 13 малолетни. Така, бројот на луѓе чие патување морнарицата го запре во Атлантикот за три дена се искачи на 605. Во петокот беа спасени 272 мигранти, а во четвртокот 71.
Сенегалската морнарица ги зголеми операциите за спасување и третманот на илегалните мигранти во изминатите недели. Повеќето од мигрантите се Сенегалци.