Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, преку локалната канцеларија во Вевчани во партнерство со Јавното претпријатие за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја” Вевчани започна со спроведување на проектот “Собери, рециклирај, креирај – Од рециклирана пластика до иновација“, финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) во Северна Македонија.
Проектот ќе се одвива на територијата на општина Вевчани и Споменикот на природата Вевчански извори.
Почетокот на проектот е од 1 септември 2023 година, и ќе се спроведува во следните 12 месеци.
Проектот е со вкупен буџет од 47.993 САД$, од кои 23.813 САД$ се обезбедени од страна на Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) во Северна Македонија, додека остатокот е обезбеден како кофинансирање од страна на ЈП Еремја 9.200 САД$ и 14.980 САД$ од страна на Еко-свест.
Генерална цел на проектот е да го унапреди управувањето со отпадот од пластика и други цврсти материјали преку едукација и промовирање на иновативни практики на кружна економија за користење на отпадот како ресурс на територијата на Општина Вевчани.
Проектни активности:
Подобрување инфраструктура и механизацијата за собирање и третман на отпад од пластика;
Воведување на 3Д печатењето како начин за рециклирање и реупотреба на отпадот од пластика ;
Информирање и едукација на локалното население во општина Вевчани за правилно селектирање и рециклирање на отпад од пластика.
Преку спроведувањето на проектот локалната заедница освен инфраструктурните придобивки како канти за отпадоци и кафези за селекција на отпад, ќе има можност активно да се вклучи во селекцијата и рецикирањето на отпад како и едукативни активности кои прикажуваат кои се предностите на рециклирањето на пластика и можностите за нејзина реупотреба.
Повеќе информации за Еко-свест и проектот може да се најдат на https://ekosvest.com.mk/ .
Дополнителни информации за уредниците
ГЕФ ПМГ Северна Македонија (www.gefsgpmacedonia.org.mk)
Во Северна Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна со работа во мај 2005. Во периодот 2005- 2023 финансирани се 167 проекти со вкупно доделена сума 3,215,065 САД$ и генерирајќи кофинансирање во износ од 3,402,789 САД$. При тоа се остварени следните резултати во централните области: Биодиверзитет: In-situ заштитени 15 автохтони и глобално значајни видови: 1. Лилјаци 2. папрат Osmunda Regalis 3. Овца Праменка, 4. Крава Буша, 5/6. Локален вид на јаболка (циганка) и круша (сулија), 7/8. македонска речна пастрмка и речен Вретенар (Zingel Balcanicus), 9. Македонска пчела (Apis mellifera macedonica), 10. Жолт локвањ (Nuphar luteum), 11. Воден Бивол 12. Шарпланинец, 13. Домашна кокошка сребра, 14. Домашното магаре и 15. Домашната балканска коза; Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди (Скопје), прво производство на биодизел, 12 Енергетски ефикасни училишта, енергетски ефикасно осветлување во 8 градови, намалување на 1200 Тони CO2/год и Неразградливи органски загадувачи НОЗ/хемикалии: околу 30% од пластичен отпад е попречено од горење и на тој начин е спречено испуштање на емисиите на диоксини/фурани во воздухот, селектирани и рециклирани 50.000 кг пластичен отпад, од 2020 финансиски помага за прв пат собирање и правилно расклопување на користени неонски сијалици, е-отпад; од 2021 користење на текстилниот отпад и користена облека во нови производи, дијагностика и поправка на електронскиот отпад – расипани мали домашни апарати, компјутери и мобилни телефони и нивно повторно користење
Глобален еколошки фонд ГЕФ (www.TheGEF.org)
ГЕФ обединува 183 земји во партнерство со меѓународни институции, невладини организации и приватен сектор со цел да се адресираат глобалните еколошки проблеми истовремено поддржувајќи национални одржливи развојни иницијативи. Денеска ГЕФ е најголем финансиер на проекти кои ја подобруваат животната средина. Како независна финансиска организација, ГЕФ обезбедува грантови за проекти од областите на биолошка разновидност, климатските промени, меѓународни води, деградација на земјиштето, озонската обвивка и хемикалии/неразградливите органски загадувачи.
Од 1991, ГЕФ остварува докажани резултати со земјите во развој и земјите со економии во транзиција, доделувајќи 119 САД$ милијарди во кофинансирање преку 5,186 проекти во над 164 земји. Преку Програмата за мали грантови, ГЕФ обезбеди поддршка на преку 25000 проекти на здруженија во 133 земји