Американски конгресмен ограбен од вооружени крадци во близина на Капитол

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Американскиот конгресмен Хенри Кулеар бил под закана со пиштол додека му го краделе автомобилот во Вашингтон, јавуваат локалните медиуми, а пренесува Би-би-си.

Кулеар, републиканец од Тексас, наводно го паркирал возилото околу еден километар од американскиот Капитол кога тројца вооружени мажи му пришле во понеделникот.

Тој не бил повреден, а неговото возило подоцна било пронајдено.

Покрај автомобилот, на конгресменот му биле одземени и телефонот и ајпадот, соопшти неговиот шеф на кабинет, а не се знае дали му биле вратени уредите.

Од Капитолската полиција соопштија дека трагаат по сторителите.

Бројот на кражби на автомобили во Вашингтон е во пораст во последните години.

Слични содржини