Дали е поисплатливо да се престојува во Airbnb или во хотел?

од Stefanija Kuzmanovska
320 прегледи

„Хотелите нудат поповолна услуга во споредба со Airbnb на многу локации“, заклучува истражувањето спроведено од порталот „Which?“.

Оваа компанија ги анализираше цените на 300.000 еднокреветни сместувања на популарните локации за изнајмување и ги спореди со цената на илјадници хотелски соби во 50 дестинации помеѓу мај 2022 година и мај 2023 година.

Airbnb и другите компании за изнајмување нудеа подобри цени во минатото бидејќи немаат ист број вработени како хотелите, но нивните цени се зголемија по пандемијата на коронавирус, се вели во извештајот.

Во Санторини, на пример, цените на страницата на Airbnb се за околу 71 отсто поскапи од хотелите, односно во просек 233 евра наспроти 133 евра.

Во Амстердам сместувањето во просек чини 210 евра, а хотел 133 евра, што е разлика од речиси 60 отсто.

Иста е ситуацијата и во Азија, особено во Хонг Конг, Сингапур и Дубаи, каде разликата е речиси 85 отсто.

Сепак, позитивната страна на Airbnb е тоа што е сè уште поевтино кога се резервира сместување за повеќе од едно лице.

Слични содржини