188
Административниот премин Брњак е отворен после десет дена во правец на централна Србија кон Косово. Јариње се уште е затворен, дознава РТС.
Како што потврди заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, отворен е административниот премин Брњак, додека Јариње се уште е затворен за премин од централна Србија кон Косово.
По конфликтот во селото Бањска на 24 август, административните точки Јариње и Брњак беа блокирани за премин од централна Србија.
Премин од централна Србија кон Косово беше возможен само на административната точка Мердаре.