Од сите земји-членки на ЕУ, цените на становите најмногу растат во Хрватска

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

Хрватска во вториот квартал ја задржа водечката позиција меѓу членките на Европската унија во која станбените „квадрати“ имаа најголем скок, покажуваат податоците на Евростат, европската статистичка служба.

Станбените недвижности во еврозоната во вториот квартал беа поевтини за 1,7 отсто од истиот период минатата година, а во ЕУ за 1,1 отсто, пренесе „Хина“.

Цените на станбените „квадрати“ паднаа во двете области за првпат од почетокот на 2014 година, забележува Евростат. Претходно, во првиот квартал тие се зголемија за 0,4 отсто во еврозоната и за 0,8 отсто во ЕУ.

Цените најмногу паѓаат во Германија и Данска

Според податоците со кои располага Евростат, цената на становите во Хрватска пораснала најмногу во периодот од април до јуни – за 13,7 отсто во однос на истиот период лани, по скокот од 14 отсто во првиот квартал.

Следат Бугарија и Литванија со раст на цените на недвижностите во вториот квартал од 10,7 и 9,4 отсто.

Станбениот простор поевтинил во девет земји, најмногу во Германија – за 9,9 отсто и во Данска за 7,9 отсто.

Слични содржини