Нетанјаху: Ни претстои долга и тешка војна наметната од нападот на Хамас

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека претстои долга и тешка војна, која, како што рече, е наметната со убиствениот напад на милитантната група Хамас.

„Покренавме офанзива и таа ќе продолжи без одмор додека не се постигнат сите цели“, рече Нетанјаху на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Тој ги повика жителите на Газа да ја напуштат областа и нагласи дека израелските сили ќе користат сила насекаде.