Стано: Вратете се на дијалогот, ќе има последици поради случувањата во Бањска

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека пораката од Брисел и меѓународните партнери по средбите во Гранада за односите меѓу Белград и Приштина е дека двете страни треба да се вратат на дијалогот и да ги смират тензиите на северот на Косово.

Кога станува збор за настаните во Бањска, Стано повтори дека ЕУ очекува целосна и безусловна соработка од Србија и посочи дека овие настани мора целосно да се расветлат бидејќи „ќе има последици“.

Тој додаде дека откако ЕУ ќе има јасна и целосна слика за тоа што се случило, ќе одлучи за следните чекори во пристапот кон Белград, Приштина, дијалогот и регионот.

Слични содржини