173
По повод денешниот државен празник 11 Октомври, Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираа од ЈСП – Скопје.
Ќе има две дежурни билетарници, кои ќе работат од 8 до 14 часот, таа во Транспортен центар (на излез) и билетарницата во Ѓорче Петров.
Од ЈСП потсетуваат дека жичарницата ќе работи вообичаено од 10 до 18 часот, а од 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно, 17:45 часот последно возење од горе надолу.