212
Хуманитарната ситуација во Газа е страшна, а резервите на храна и вода се ограничени и брзо исчезнуваат, изјави денеска Брајан Ландер, заменик-шеф за итни случаи на Светската програма за храна на ОН (WFP).
Тој нагласи дека агенцијата на ОН „реагира на терен и обезбедува храна за илјадници луѓе кои побарале засолниште во училиштата и на други места, но тоа ќе истече многу брзо“, објави Си-Ен-Ен.
„Немаме пристап до Појасот Газа, бидејќи тој е затворен, но бараме начини да обезбедиме средства да им ги доставиме на луѓето таму, за време на оваа криза“, рече Лендер.