Климатските активисти се сè поактивни, а најновото видео покажува дека се подготвени и за секојдневни акции.
Според Index.hr, на овие активисти нешто им згрешил Lamborghini. Ова не значи возачот и неговата позадина на стекнување богатство, туку самиот факт дека тој вози автомобил чиј моќен мотор согорува многу гориво.
Сопственикот на Aventador можел само среде бел ден да гледа како му ја оштетиле надворешноста на неговиот автомобил со боја за прскање. Притоа не можел да застане и да излезе од автомобилот бидејќи вратата му ја држел еден од „активистите“.
И покрај тоа што беше поддржан од над 700 КС моќен V12 ѕвер, сопственикот не можеше да избега. За среќа, тој ја сочува присебноста не реши директно да се соочи со напаѓачите.
Без сомнение, отстранувањето на овие графити од автомобилот ќе биде многу тешко.