Косовската полиција продолжи со претресите на северот на Косово во врска со настаните во Бањска на 24 септември. Утринава се вршат претреси на вкупно четири локации, од кои најмалку две се во северниот дел на Косовска Митровица. Според косовската полиција, засега нема уапсени, но на една од локациите е пронајдено големо количество експлозивни направи и оружје поврзани со случајот Бањска.
-При претресот пронајдени се експлозивни направи и оружје, потврдил за „КоССев“ Ветон Елшани, заменик командир на косовската полиција за регионот север.
-Пронајдени се и експлозивни направи и оружје и сега чека екипа на КФОР, додал тој.
Оружјето кое е пронајдено е поврзано со случајот од Бањска, објаснил полицискиот службеник.
Истовремено, косовската полиција додала дека акцијата се спроведува на четири локации на северот од земјата. Сепак, не прецизирале за кои други две локации станува збор.