ДРАМА ВО ПАРИЗ: Итно евакуиран музејот Лувр (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
293 прегледи

Музејот Лувр во Париз денеска напладне бил затворен „од безбедносни причини“, откако Франција е во состојба на готовност еден ден по нападот на исламистите во Арас.

Познатиот париски музеј бил евакуиран и ќе остане затворен до крајот на денот поради страв од напад, пишува француски „Фигаро“. Се претпоставува дека стигнала пријава за поставена бомба.

„Лувр доби писмена порака со предупредување за ризикот за музејот и неговите посетители. Решивме да го евакуираме и да го затвориме, додека ги вршиме потребните проверки“, соопштил портпаролот на музејот на Твитер.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин вчера изјави дека Франција ја подигнала безбедносната тревога на највисоко ниво бидејќи „без сомнение“ постои врска меѓу нападот со нож во Арас и ситуацијата на Блискиот Исток меѓу Израел и Хамас.

Медиумите претходно објавија дека напаѓачот, кој уби едно лице и рани неколку други во средно училиште во градот Арас, пред инцидентот извикувал „Алах Акбар“, но полицијата се уште не го потврдила тоа. Како што соопштија од полицијата, напаѓачот е по потекло од Чеченија и бил во полициската евиденција.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон нападот го оцени како акт на варварски исламистички тероризам и додаде дека во текот на денот бил спречен сличен напад во друго училиште во Франција.

Слични содржини