Уште 130 војници од Романија стигнаа во Косово

од Nikola Popovski
168 прегледи

Романската армија испрати дополнителен контингент од 130 војници за учество во мисијата на НАТО алијансата КФОР на Косово, соопшти романското Министерство за одбрана.

Се наведува дека одлуката за дополнување на романските сили е донесена врз основа на овластувањето на Северноатлантскиот совет да управува со актуелната ситуација на Западен Балкан.

– Како членка на НАТО и на Европската унија, Романија ја презеде обврската да придонесе во напорите за одржување на стабилна безбедносна средина во регионот, соопшти Министерството за одбрана на Романија.

Се додава дека по ова зголемување на бројката, во КФОР има вкупно 210 романски војници.

– Распоредувањето на дополнителни војници доаѓа по насилниот напад врз косовската полиција на 24 септември и порастот на тензиите во регионот, соопштија денеска од НАТО.

Слични содржини