188
Версајската палата во Париз е евакуирана поради дојава за бомба, пренесува „Фигаро“ повикувајќи се на полициски извори. Се додава дека е добиена анонимна дојава и дека дворецот ќе биде затворен до крајот на денот.
Претходно во текот на денот поради закана за бомба беше затворен и познатиот музеј Лувр, јави француската „TV BFM“, повикувајќи се на полициски извори.
Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, а посетителите морале веднаш да ја напуштат зградата.
Франција го подигна нивото на безбедност на највисоко ниво од петокот вечерта, по убиството на учителот Доминик Бернар, кој беше избоден до смрт од млад човек пред гимназијата во Арас. Во тој инцидент уште три лица се тешко повредени, меѓу кои и напаѓачот.