Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на кому му рекол дека Русија е подготвена да помогне да се стави крај на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
„Владимир Путин го информираше Нетанјаху за чекорите што ги презема Русија за да помогне во нормализирање на ситуацијата, да се спречи понатамошна ескалација на насилството и хуманитарна катастрофа во Појасот Газа“, се вели во соопштението на Кремљ, пренесува РИА.
Путин изрази искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите Израелци, додавајќи дека најостро ги осудува акциите кон цивилното население, вклучително и жени и деца.
Претседателот на Русија денеска разговараше и со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, со кого се договори да работи на елиминирање на причините за кризата меѓу Појасот Газа и Израел.