Грозданов: Зошто некому му пречи Македонија да влезе во ЕУ како рударски економски џин?

од Nikola Popovski
223 прегледи

Во колумната „Бучим помеѓу лагите и фактите“, аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов ја постави дилемата „каква е улогата на Бучим во креирањето на негативната перцепција на јавноста за отворањето нови рудници?“. Според него, одредени структури ургираат да не се отвораат нови рудници, а постоечките со искористување на рудниот потенцијал да се затворат.

Тој додава дека никој нема правен основ да ветува или да заштитува обид за задржување монопол врз одредена стопанска гранка во овој случај рударството. Ова следува откако Бучим на „Еуромакс ресоурцес“ му понудил соработкаво инвестицијата за рудник за бакар во Иловица, но понудата била одбиена. Во понудата се наведува дека Бучим би можел да овозможи поддршка од локалното население, еко-активистите и институциите за рудникот во Иловица.

Грозданов колумната ја започна коментирајќи, како што вели, наслов во медиум предизвикан од демант: „Солвеј Инвестмент Груп е семејна компанија со седиште во Швајцарија. Матичната компанија на Бучим отфрла секаква поврзаност со Русија“.

-Сериозен фаул од секторот за односи со јавност на „Солвеј Груп Инвестмент“. Како тргнале во брзо време ќе ја убедуваат јавноста дека врвниот фудбалер Џердан Шаќири (кого инаку го обожувам) и репрезентативец на Швајцарија е роднина на Далај Лама. Што е вистината? Можеби е точно дека Солвеј групацијата е од светски ранг, ама како што кажав и во претходните колумни, нивните интелектуални сили во голем дел се граѓани на Македонија, кои освен што ги раководат рудниците Бучим и Саса, се убедени дека ова парче земја е: „Поле за финансиско разнебитување и некултурно однесување кон граѓаните на Македонија“. Што е целта? Демантот на Бучим има за цел да заплаши, да замолчи, да го прекине трагањето по вистината. Истата задача ја имаат лажните еко активисти. Само што Бучим користи нормативен речник, а другите вулгарности, навреди и цинизам, пишува Грозданов.
Тој потсетува дека во 2012 година имало средба помеѓу Зоран Ставревски- министер за финансии и амбасадорот на Руската Федерација, Олег Николаевич Шчебрак кој тогаш изјавува дека големи руски компании покажуваат зголемена активност и набројува инвестиции меѓу кои и онаа на Солвеј во рудниците Саса и Бучим од 50 милиони долари и најавува потенцијал за размена од 1 милијарда долари.

-Средба 2019 година по повод јубилеј 40 години од постоењето на Бучим помеѓу амбасадор на Руската Федерација Сергеј Баздникин, заедно со Владимир Хрисанов, трговски советник при амбасадата, во придружба на Ѓорги Дика претседател и Дејан Бешлиев – извршен директор, двајцата од македонско-руската комора и раководството на Бучим, предводено од Николајчо Николов, заменик-менаџер на компанијата. Разговорот е воден исклучиво за развојот на Бучим до 2030 година и тоа преку „НОВИОТ РУДНИК БОРОВ ДОЛ“, како и за развојот на Општина Радовиш. Симптоматично и после оваа средба нема демант на Солвеј, додава Грозданов.

Тој прашува зошто некој упорно сака Бучим да биде единствен суверен во рударството и дали некој од надлежните барем еднаш не се посомневал и не се распрашал во која соседна земја оди нашето природно богатство?

-Зошто некому му пречи Македонија да влезе во ЕУ како рударски економски џин? На граѓаните на оваа Држава треба да им се објасни дека нашата почва лежи на милијарди евра во рудно богатство! Сите заедно треба да кажеме СТОП на сиромаштијата! Нема никој повеќе да не држи во заложништво, заклучува Грозданов.

Слични содржини