Соборениот претседател на Нигер се обидел да побегне од домашен притвор

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Воената хунта на Нигер соопшти дека го спречила обидот на соборениот претседател Мохамед Базум да избега од притвор.

Портпаролот на армијата изјави дека Базум се обидел да избега во текот на ноќта со семејството, готвачите и обезбедувањето, пренесува Би-Би-Си.

„Имаше планови групата да одлета со хеликоптери, но планот беше спречен“, рече тој, додавајќи дека „главните актери и некои од соучесниците“ се уапсени.

Базум е во домашен притвор откако членовите на неговата претседателска гарда извршија државен удар на крајот на јули и ја презедоа власта во земјата.

Слични содржини