Range Rover повторно е во фокусот на германската тјунинг куќа Mansory, а нивниот последен проект е Mansory Heritage Range Rover SV LWB.
Пакетот Mansory овде вклучува аеро комплет од јаглеродни влакна (преден спојлер, проширени браници, комплет прагови, заден дифузер, спојлер на заден покрив, спојлер на задната врата), нова хауба со отвори за воздух и предна табла со осветлено лого на Mansory.
Има и модифицирана суспензија, нов издувен систем со четири издувни цевки, сет од 24-инчни алуминиумски тркала, гуми 295/30, како и префинет ентериер според желбата на клиентот (во овој случај светло сина кожа, карбон елементи…) .
Конечно, се нуди и пакет за засилување на моторот, па 4,4-литарскиот V8 twin-turbo сега има 600 КС и 835 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е 4,5 секунди, додека максималната брзина е 280 km/h.
Цената не се споменува во вестите, но се планира ексклузивна серија од само три примероци.