Макрон во Израел: Првата цел е ослободување на сите заложници

од Stefanija Kuzmanovska
967 прегледи

Првата цел која треба да ја имаме денес е ослободување на сите заложници без никаква разлика, бидејќи е страшно злосторство да се поигрува со животите на децата, возрасните, постарите, цивилите, војниците, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

По пристигнувањето во Тел Авив, тој се сретна со семејствата на 18 француско-израелски граѓани кои беа убиени, држени како заложници или исчезнати, пренесе АП.

Француските власти соопштија дека 30 француски државјани биле убиени во напад на Хамас на 7 октомври, а девет се исчезнати или се држат како заложници. По средбата со семејствата на француските жртви на аеродромот во Тел Авив, Макрон му рекол на израелскиот претседател Исак Херцог во Ерусалим дека Франција стои „рамо до рамо“ со Израел, објави „Ројтерс“.

„Сакам да бидете сигурни дека не сте сами во војната против тероризмот“, рече Макрон.

На средбата со Херцог тој изјавил дека Франција стои во солидарност со Израел во борбата против тероризмот.