Претставници на палестинското движење Хамас се во посета на Москва, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Можам да потврдам дека претставници на палестинското движење Хамас се во посета на Москва. Што се однесува до нивните средби, ќе ве информираме“, изјави Захарова на новинарите, а пренесе ТАСС.
Рускиот заменик министер за надворешни работи и специјален пратеник на рускиот претседател за Блискиот Исток и Африка, Михаил Богданов, денеска најави дека палестинскиот лидер Махмуд Абас наскоро ќе ја посети Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.
Конфликтите на Блискиот Исток повторно се разгореа на 7 октомври, кога палестинското милитантно движење Хамас ја нападна израелската територија од Појасот Газа.