Во несреќа во рудник во Казахстан загинаа 16 рудари, 18 се повредени

од Radmila Tasevska
194 прегледи

Шеснаесет рудари загинаа во несреќа во рудникот Костенко во Караганд, Казахстан, изјави шефот на администрацијата на регионот Караганда во Казахстан, Ермаганбет Булекпаев.

-Во рудникот денеска беше предизвикан пожар, кој, на наше големо жалење, доведе до смрт на 16 лица, а 18 лица се пренесени во болница со различен степен на повреди, напиша шефот на регионот на својата Фејсбук страница.

Тој прецизира дека на местото на несреќата има 40 спасувачи и 10 единици опрема.

Засега се водат како исчезнати 31 други рудари.

Претходно прес-службата на компанијата Арселормитал Темиртау, што е оператор на рудникот, информираше дека  во моментот на несреќата имало 252 лица. На површина излегоа 205 рудари. Се претпоставува дека дошло до експлозија на гас метан.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев и нареди на својата влада денеска „да стави крај на инвестициската соработка“ со глобалниот челичен гигант Арселор Митал, по уште една фатална несреќа во еден од рудниците на групацијата.

Слични содржини