Пејачката Тејлор Свифт и официјално стана милијардерка.
Според Форбс, благодарение на светската турнеја „Ерас“, вкупната нето вредност на Свифт е 1,1 милијарда долари.
Како што се наведува понатаму, исто така е утврдено дека таа е една од ретките изведувачи што го достигнала статусот на милијардер само врз основа на нејзината музика и концерти.
Директорот за маркетинг во SeatGeek, Крис Лајден, претходно изјави дека турнејата на Тејлор Свифт „Ерас“ ја „препишува книгата за економијата на забавата“.
„Таа не е само изведувач – таа е економски феномен“, рече тој, објавија споменатите медиуми.
Освен што ги наполни стадионите ширум светот, Тејлор ги наполни и кината со нејзиниот концертен филм „Тејлор Свифт: Турнејата на ерата“. Продукцијата заработи околу 96 милиони долари на киноблагајните во САД и Канада, што го прави концертен филм со најголема заработка на пазарот таму во првиот викенд.