Свинско филе, е парче месо кое се подготвува толку брзо и лесно. Доволно е само да го зачинете и да го загреете кратко, а некои го избираат и пред говедско филе или бифтек.
Во продолжение ви претставуваме рецепт за празничен и едноставен ручек кој вклучува пржено свинско филе со зачини и вкусни компири кои се подготвуваат брзо и лесно, а имаат фантастичен вкус.
Потпечено свинско филе со компири – состојки:
1 свинско филе (околу 600 g)
3 супени лажици сенф
1 лажица мед
2 супени лажици
маслиново масло
Сол, бибер, лук во прав или гранули
1 кг компири
3 чешниња лук
100 гр сланина
Сол, бибер, мелен црвен пипер,
магдонос
Плетено филе со компири – подготовка:
Исчистете го парчето од вените и добро зачинете го со сол, бибер и лук.
Пресечете го на половина по должина, но не до крај, туку врвот да остане поврзан. Како плетенка испреплете ги двата дела од парче.
Измешајте маслиново масло, сенф и мед во сад и обилно премачкајте ја плетенката од свинско филе.
Плетеното парче месо кратко пропржете го на малку путер по пет минути од секоја страна. Префрлете го во плех и ставете го во рерна загреана на 200 степени. Печете 30 минути. По 30 минути, извадете го од рерната, поклопете и оставете да отстои додека ги подготвувате компирите.
Излупете ги компирите и сварете ги. Во загреана тава ставете ја сланината и пропржете ја додека не ја ослободи маснотијата.
Отстранете ја сланината и пропржете го лукот во истата маст.
Додадете ги компирите, зачинете и вратете ја крцкавата сланина.
Послужете го филето и компирите со освежителна салата.