188
Египетските власти подигнаа теренска болница во Шеик Зувеид во близина на граничниот премин Рафа.
Болницата треба да ги лекува ранетите од Газа, кои почнаа да пристигнуваат во Египет преку преминот Рафа.
На први ноември првпат беше отворен граничниот премин за цивили од Газа, а договорот е прво да влезат тешко повредени цивили, а потоа и лица со двојно државјанство.
Би-Би-Си јавува дека нивниот репортер пријавил дека конвој со амбулантни возила чекал да се отвори преминот. Набргу откако биле пуштени во Газа, со ранетите се враќале во Египет.
Британскиот јавен сервис го потврди преминувањето на 20 повредени цивили, од кои повеќето биле деца.