Германија го повика Израел да ја почитува слободата на медиумите по инцидентот со новинарите

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Германската влада го повика Израел да ја почитува слободата на медиумите по инцидентот меѓу израелските војници и тим германски новинари кои известуваат од Западниот Брег кој е окупираниот од Израел.

„Во ваква тензична ситуација каква што се наоѓаме во моментов, слободата на печатот е, се разбира, исклучително вредна предност“, изјави во понеделникот портпаролката на германското министерство за надворешни работи.

Таа побара на претставниците на медиумите на терен да им се овозможи слободен пристап во нивното известување.

Новинарите од германскиот јавен радиодифузен сервис АРД соопштија дека биле привремено заробени и под закани од израелски војници на Западниот Брег додека известувале за насилните напади на екстремистичките еврејски доселеници врз Палестинците.

Како што пренесе АРД, војниците се однесувале крајно агресивно кон новинарите и постојано го вперувале оружјето кон возилото на репортерската екипа.

Инцидентот се случил во неделата попладне откако ТВ-екипата на јавниот сервис Bayerische Rundfunk (BR), кој е задолжен за дописниците во Тел Авив, се враќала од снимањето на репортажа за насилството на израелските доселеници врз Палестинците.

Слични содржини