198
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари денеска објави дека палестинската милитантна група Хамас ја изгубила контролата над северниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека 50.000 луѓе побегнале на југ од областа.
„Видовме 50.000 жители на Газа како се движат од северниот дел на Појасот Газа кон југ. Тие си заминуваат затоа што сфатија дека Хамас ја загуби контролата врз северот“, рече Хагари на брифингот за медиумите, пренесе „Гардијан“.
Тој додаде дека Израел дозволува хуманитарни паузи во одредени периоди за да им овозможи на жителите да се преселат на југ.