Министерството за здравство во Газа: Болницата Ал-Шифа не работи поради недостиг на гориво

од Radmila Tasevska
191 прегледи

Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, соопшти денеска дека е прекинато работењето во болничкиот комплекс Ал-Шифа во Газа.

Портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф Ал-Кидра изјави дека најголемиот болнички комплекс во Газа останал без гориво.

„Како резултат на тоа, едно новороденче почина во инкубатор, каде се наоѓаат 45 бебиња“, изјави Ашраф Ал-Кидра, пренесува Би-Би-Си.

Слични содржини