Сирискиот претседател Башар Ал Асад денеска изјави дека секој политички процес со Израел треба да се запре со оглед на насилството во Газа.
Асад ова го изјави на вонредниот заеднички исламско-арапски самит за Газа, кој се одржува во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, пренесе Ројтерс.
Саудиска Арабија им даде благослов на соседите од Персискиот залив Обединетите Арапски Емирати и Бахреин да воспостават односи со Израел во 2020 година за време на претходната американска администрација на Доналд Трамп, потсетува агенцијата.