281
Руска делегација предводена од министерот за природни ресурси Александар Козлов е во посета на Северна Кореја, објавија севернокорејските државни медиуми.
Делегацијата вчера пристигна во Пјонгјанг на разговори за „соработка на полето на трговијата, економијата, науката и технологијата“, пренесе КЦНА.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен неодамна изјави дека врските меѓу Пјонгјанг и Москва се „растечки и опасни“, исто така, повикувајќи го Пекинг да влијае на Северна Кореја.
Јужна Кореја го обвини Пјонгјанг дека ѝ доставил повеќе од милион артилериски гранати на Москва за нејзината војна против Украина.
Од друга страна, се верува дека Северна Кореја имала корист од руската експертиза во воената сателитска технологија.