Пристигнува и Hyundai Ioniq 6 N

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Според некои медиуми, Hyundai подготвува и спортска N верзија на електричниот модел Ioniq 6.

Ова не е изненадување бидејќи минатата година Hyundai како најава го покажа RN22e Concept (на сликата), целосно електричен спортски автомобил.

Основата е Electric-Global Modular Platform (E-GMP), со RN22e спакуван во телото на Ioniq 6.

Според Hyundai, полнењето од 10 до 80 проценти од капацитетот на батеријата трае помалку од 18 минути.

Во однос на димензиите, Hyundai RN22e Concept е долг 4915 mm, широк 2023 mm, висок 1479 mm и има меѓуоскино растојание од 2950 mm.

Треба да се напомене дека RN22e Concept е опремен со погон на четири тркала, а возачот може да избере распределба на вртежниот момент помеѓу предната и задната оска преку избирачот на погонски режим.

Серискиот Ioniq 6 N се очекува во текот на 2025 година, а наводно би требало да биде уште помоќен од моделот Ioniq 5 N (последниот има два електромотори со вкупно 478 kW/650 КС и 770 Nm, како и батерии од 84 kWh ).

Во пакетот за Ioniq 6 N може да очекуваме поагресивен аеро боди кит, модифицирана суспензија, N Torque Distribution, нови тркала, посилен систем за сопирање, како и изменета внатрешност со спортски седишта и волан.