205
Триесетгодишен жител на Свети Николе бил агресивен кон вработени од кумановската болница и носел пиштол.
-Денеска во 01 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(30) од Свети Николе,поради тоа што во Општа болница Куманово агресивно се однесувал кон вработените и носел пиштол.Тој бил задржан во полициска станица, пиштолот му бил одземен, сооппшри полицијата.
По целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.