Албанија бележи уште еден многу важен чекор во процесот на интеграција во ЕУ

од Radmila Tasevska
306 прегледи

Албанското Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), информираше дека  во Брисел успешно е завршен процесот на проверка познат како „скрининг“.

– Овој процес траеше 14 месеци со 777 презентации, со учество на над 1.500 албански и 1.000 експерти од Европската комисија. Од 2022 година, беа одржани 300 објаснувачки и билатерални состаноци, се наведува во соопштението на МЕНР.

Исто така се додава дека овој процес ја приближува Албанија до Европска Унија и ја прави земјата поподготвена за понатамошните фази на интеграција.

Следниот чекор, се посочува во соопштението, е отворање на првата група поглавја за основни прашања и се оценува дека е „поттик за интензивен ангажман, со цел да се забрза процесот на пристапување на Албанија во ЕУ”.

Слични содржини