Ковачевски: Самитот на ОБСЕ е одлична можност за промоција на државата и понатамошно политичко етаблирање

од Radmila Tasevska
231 прегледи

„Северна Македонија треба да е горда на своето претседавање со ОБСЕ, се работи за најголемата безбедносна и политичка организација во Европа меѓутоа и во светот бидејќи членуваат и САД и други држави вон континентот. Ова е одлична можност за промоција на државата, ова е одлична можност за понатамошно политичко етаблирање која е независна 32 години“, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека ова е одлична можност да се покажеме како домаќини така како што сме покажале и во други прилики како на пример при преговорите на Косово и Србија, кои се одвиваа во Охрид.

„Северна Македонија направи се што беше потребно за присуство на сите делегации, во координација со другите земји членки на ОБСЕ. Сметам дека ќе имаме исклучително успешен самит, којшто започнува утре“, рече Ковачевски.

Премиерот рече дека после самитот и претседавањето со ОБСЕ, Северна Македонија како држава ќе излезе посилна.

Слични содржини