Реакција на министерот Лога на соопштението на Судскиот совет

од Radmila Tasevska
258 прегледи

Судскиот совет наместо да делува законски и да презема дејствија против незаконските постапувања на одредени судии и претседатели на судови, цело време неодговорно се бранат со јавна покана за учество на министерот на седници каде не може да присуствува заради препораките на ГРЕКО и законот, вели министерот за правда Кренар Лога.

Тој посочи ,,откако ја презел одговорноста да биде носител на на функцијата министер за правда, од нив имал побарано само да го почитуваат законот и ништо друго’’ и додека дека ,,во јавноста се силат дека се конструктивни, а во позадина чуваат предмети за да застарат. Не може одговорен орган да има двојни аршини, за некој морков а за друг стап за доделување моќ’’.

,,Одредени членови на Судски совет се свесни дека е време да си заминат дома, а исто така е дојдено време и да одговораат за сите преземени дејствија во минатото што ќе биде санкционирано со новите измени на законот’’, вели Лога.

Министерот додава дека ,,одговорност мора да има и ќе има. Законот над сè и пред сè. Имаат храброст да му се спротистават на министерот, а немаат грам храброст кога истите ставови се кажуваат и од меѓународните претставници’’.

,,Пoчитувани, одредени членови на Судски совет: Лицемерие не е вредност!’’, вели тој.

Слични содржини