Бил Гејтс: Глобалната температура најверојатно ќе се зголеми за повеќе од два степенa

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Глобалната температура најверојатно ќе се зголеми за повеќе од два степенa, изјави денеска милијардерот и филантроп Бил Гејтс на климатскиот самит COP28 во Дубаи.

Според научниците, порастот на температурата за два степени може да донесе опасни и потенцијално неповратни промени кои ќе влијаат на луѓето, дивиот свет и екосистемите, пренесува CNBC.

И покрај тоа, Гејтс изрази надеж дека претстојниот самит COP28 може да донесе напредок во борбата против климатските промени.

Слични содржини