Папата ги повика религиите на КОП28 да се спротивстават на климатските промени

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Папата Франциск денеска ги повика светските лидери да дејствуваат заеднички за да се спротивстават на климатските промени во обраќањето пред верскиот павилјон поставен на Конференцијата на ОН за климатски промени КОП28.

„Како претставници на религиите, да дадеме пример за да покажеме дека промените се можни и да сведочиме за одржлив начин на живот полн со почит. Со силен глас, да ги замолиме водачите на нациите да се зачува нашиот заеднички дом“, рече папата во видео порака.

Папата не можеше да отпатува за Дубаи поради болест.

„Важно е религиите, без да паѓаат во замката на синкретизмот, да дадат добар пример работејќи заедно: Не за нивните сопствени интереси или интересите на една страна, туку за интересите на нашиот свет. Денес најважни се мирот и климата“, нагласи тој.

„Ова од нас го бараат особено младите и сиромашните, чии молитви допираат до престолот на Севишниот. За нивната иднина и иднината на сите, да го заштитиме создавањето и да го заштитиме нашиот заеднички дом. Да живееме во мир и да промовираме мир“, заклучи папата.

Слични содржини