Хамас информира за 700 загинати во изминатите 24 часа

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Палестинските цивили во Појасот Газа бараат засолниште во сè потесното подрачје додека Израел ги засилува воздушните, морските и копнените бомбардирања на енклавата. Бомбардирањето беше концентрирано на Кан Јунис и Рафа на југ, велат жителите, а болниците се борат со приливот на ранети.

Портпаролот на канцеларијата за односи со јавноста на Хамас изјави дека 700 луѓе загинале во израелските напади во изминатите 24 часа и дека многу од загинатите лежат под урнатините, а спасувачите се борат да ги ослободат ранетите и да ги однесат во болница пренесува dpa, додавајќи дека билансот на загинатите не е независно потврден.

Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони и хеликоптери нападнале цели на Хамас, вклучувајќи тунели, командни центри и складишта за оружје, а поморските сили ги погодиле бродовите на Хамас.

Хамас објави дека истрелал ракети врз крајбрежниот израелски град Тел Авив, но овие тврдења не се независно потврдени.

Слични содржини