Четворица повредени во пукање во центарот на Брисел

од Radmila Tasevska
261 прегледи

Четири лица се ранети во пукасе на голема шопинг улица во центарот на Брисел, соопшти полицијата.

Напаѓачите побегнале од местото на инцидентот до пристигнувањето на полицијата, откако биле повикани околу 19:30 часот, изјави портпаролката на полицијата Илсе Ван де Кер.

„Во овој момент, нема ништо што може да не натера да сметаме дека тоа е терористички чин“, рече таа.

Еден од ранетите е во критична состојба. полицијата го обезбеди местото и е во потрага по напаѓачите.

Слични содржини