📷Новиот Renault Duster

од Vladimir Zorba
1,7K прегледи

Откако неодамна ја видовме новата трета генерација на Duster со логото на Dacia, еве ги првите слики од овој SUV со ознаки на матичната марка, односно Renault.

Производството на новиот Renault Duster ќе започне во Турција следната година, а локалната фабрика ќе стане главна производствена локација за извоз (Dacia Duster за Европа се произведува во Романија).

Француската компанија има намера до 2027 година да стане лидер на турскиот пазар, а локалната фабрика Oyak-Renault планираат да ја претворат во глобален извозен центар, за што ќе бидат издвоени над 400 милиони евра.

Според Renault, најголемиот дел од автомобилите што моментално се произведуваат во Турција (главно „Clio“) се испраќаат во Европа, но новиот план предвидува извоз „во повеќе од 50 земји“ (испораките ќе се прошират на Блискиот Исток и Африка).

Најавено е и дека во следните три години на производната линија на турската фабрика ќе влезат најмалку четири нови модели, од кои три кросовери. Renault, исто така, очекува една третина од целата продажба да биде од електрифицирани автомобили.

Што се однесува до новиот Duster, тој се базира на CMF-B платформата и ќе се нуди во неколку верзии, а веќе нема дизел мотор во гамата. Палетата ги вклучува Duster TCe 130, Duster Eco-G 100 и Duster Hybrid 140.