„Бербата се врши исклучиво рачно, лозјата се без синтетички хемикалии“: Што е тајната на еден од најубавите шампањи „Marteaux Guillaume“?

од Nikola Popovski
255 прегледи

Имотот на Marteaux Guillaume, од каде што потекнува еден од најубавите шампањи во светот, се наоѓа во Бонеил, Франција мало село кое е наведено како светско наследство на УНЕСКО, на западниот крај на регионот Шампањ.

Лозите се одгледуваат без синтетички хемикалии, благодарение на разновидноста на почвите, стои во написот Шампањ „Marteaux Guillaumeна авторката Летиција Оливеира, пренесува „Бизнис инфо“.

Тајната во добриот вкус на шампањот е што винификацијата се врши природно со многу мала содржина на сулфити, вистинскиот минимум за заштита на нашите шампањи, како и винификација без малалактична ферментација, што овозможува долго стареење.

-Во шампањот, бербата се врши исклучиво рачно. Со кревкото грозје се ракува и се притиска многу брзо веднаш по сечењето. Затоа, најмногу 4 часа по берењето, бербата се притиска нежно, што е можно побавно за да се задржи најдоброто од грозјето, е наведено меѓу другото во текстот.

Слични содржини