Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата средба во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц претставува „потврда на силните и одлични билатерални односи и заедничката визија како социјалдемократи за развој и зголемување на благосостојбата во двете земји“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објава на неговата страница на Фејсбук по враќањето од германската престолнина, каде што учествуваше на Конгресот на Социјалдемократската партија на Германија (СДП), Курти информира дека во фокусот на разговорите со домаќините било „јакнењето на соработката во политичкото семејство на левиот социјалдемократски спектар“.
– Косово е држава на правото, демократијата и еднаквоста за сите. Разговаравме и за динамиката на ситуацијата во регионот на Западен Балкан, за процесот на дијалог и за посветеноста на Косово на европските интеграции, напиша Курти.