Град Скопје: Украсувањето е започнато, Градот Скопје ќе блесне на 15 декември

од Radmila Tasevska
214 прегледи

Град Скопје известува дека новогодишното украсување е започнато и дека градот ќе блесне на 15 декември, но, како што велат, за многу пониска сума од претходно.

-Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра. Минатата година, во време на најголемата глобална економска и енергетска криза, градот беше накитен без дополнителни трошоци, а средствата предвидени за китење, но и трошоците кои порано се правеле за ручеци и пиење по кафани, беа наменети за ранливите категории на граѓани, стои во соопштението на Град Скопје.

Оттаму информираат дека и оваа година ќе има украсување, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот, преку, како што се вели, сомнителни набавки.

Слични содржини