Судот го отфрли барањето за имунитет на Трамп во тужбата за сексуален напад и клевета на Керол

од Radmila Tasevska
180 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да се повика на претседателскиот имунитет во однос на тужбата за клевета поднесена од колумнистката и писателка Е.Џин Керол, која го обвини за силување, пресуди денеска американскиот апелациски суд.

Адвокатите на Трамп најавија дека ќе се жалат до Врховниот суд.

Американскиот втор окружен апелациски суд во Менхетен ја потврди одлуката на федералниот судија да го отфрли барањето на Трамп за имунитет.

Во својата тужба, Керол побара од Трамп најмалку 10 милиони долари отштета за неговата изјава од јуни 2019 година, додека тој сè уште беше претседател, откако прво јавно го обвини дека ја силувал во соблекувална на стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите.

Трамп негираше дека ја познава Керол и рече дека таа „не е негов тип“ и дека тврдењето за силување го измислила за да го промовира објавувањето на нејзините мемоари.

Поранешната колумнистка на магазинот „Ел“ ја поднесе тужбата во ноември 2019 година, но Трамп чекаше до декември 2022 година за да се повика на претседателскиот имунитет, верувајќи дека тоа ќе го заштити од нејзината тужба. Претседателот има целосен имунитет од бројни граѓански тужби додека е на функцијата.

Слични содржини