Влада на Хамас: 20.000 луѓе загинаа во Појасот Газа

од Radmila Tasevska
174 прегледи

Владата на Хамас во Појасот Газа вечерва соопшти дека 20.000 луѓе се убиени во израелските воени операции од почетокот на војната на 7 октомври. Најмалку 8.000 деца и 6.200 жени се меѓу загинатите, а 52.600 луѓе се ранети.

Палестинските екстремисти, предводени од Хамас, убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, во нападите врз јужен Израел. Најмногу жртви имало на првиот ден од војната, 7 октомври.

Израелската армија соопшти дека во копнената офанзива во Газа загинале 134 војници. Израел вели дека околу 7.000 палестински екстремисти биле убиени во војната.

Слични содржини