🎥 Кристен Стјуарт и Ед Харис глумат во нов трилер, трејлерот е вистински ХИТ!

од Radmila Tasevska
260 прегледи

Кристен Стјуарт, Ед Харис и Кети М. О’Брајан глумат во најновиот филм на студиото А24 – романтичниот трилер Love Lies Bleeding. Филмот го режираше Роуз Глас, која претходно работеше на психолошкиот хорор Saint Maud. Сценариото за филмот го напишаа Глас и Вероника Тофилска, пренесе Стандард лајф.

Филмот е сместен во 80-тите и ја следи бисексуалната бодибилдерка Џеки (Кејти М. О’Брајан), која се сели од Оклахома во мало гратче во Невада, каде што планира да живее пред да се пресели во Лас Вегас за кариера во бодибилдинг.

Џеки се вљубува во менаџерката на теретана Лу (Кристен Стјуарт) и почнува да работи за нејзиниот татко, локален криминалец (Ед Харис). Но, нејзиниот живот се претвора во хаос откако таткото на Лу ја вовлекува во светот на стероидите и криминалот.

Продуценти на филмот се Андреа Корнвел и Оливер Касман. Покрај Стјуарт, Харис и О’Брајан, во филмот глумат Џена Мелоун, Дејв Франко и Ана Баришников.

Love Lies Bleeding ќе биде премиерно прикажан на 20 јануари 2024 година на филмскиот фестивал Санденс. Не е познато кога филмот ќе биде објавен за пошироката публика.

Слични содржини