Над 300 станови во првите две кули во „Дајмонд оф Скопје“ предадени на сопствениците

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Над 300 станови во првите две кули во „Дајмонд оф Скопје“ им се предадени на сопствениците, а секој објект кој се пушта во употреба минува процес на прилагодување.

Од Лимак за „Слободен печат“ велат дека се вклучени и ги разрешуваат предизвиците што ќе се појават, колку тие да се ретки и специфични. Оттаму додаваат дека транспарентноста е врвен приоритет и дека секој сопственик на стан е целосно информиран за сите фази од процесот.

Комплексот „Дајмонд оф Скопје“ е составен од четири кули со вкупно 772 стана. Првите две кули се готови, додека другите две се во градба. Покрај станбениот дел, комплексот има и хотел, како и трговскиот центар „Дајмонд мол“ кој започна со работа во октомври годинава.