213
Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, на следните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица, соопштија денеска од Левица.
-Таче и Мицко ќе се кандидирале у кецот. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у кецот, се вели во изјавата на Апасиев, пренесена во соопштението на Левица.
Претходно, претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавија дека на следните избори ќе се кандидираат во првата изборна единица.