Јапонско чудо од автомобил!

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Јапонскиот THK го покажа својот прв автомобил, кој навестува идни достигнувања во областа на електричните автомобили.

Тоа е всушност технолошки бренд, фокусиран на развој и производство на компоненти, кој сега го претстави својот прв целосно функционален прототип на електричен автомобил – LSR-05.

Ова возило демонстрира цела низа на ново развиени технологии, како што се мотори во тркалата и безжично полнење, со нешто слично на последново воведено од корејскиот конгломерат Hyundai/Kia.

Новиот автомобил, наречен LSR-05, е создаден во соработка со познатиот дизајнер на автомобили и поранешен виш потпретседател на Nissan, Широ Накамура, и доаѓа во конфигурација на каросеријата со купе кросовер со четири седишта. Има систем за управување со сите тркала, кој вклучува тандем електричен мотор со променлив флукс на задните тркала од по 93 kW и еден електричен мотор на предната оска од 22 kW.

LSR-05, исто така, располага со систем наречен „Active Level Control Suspension“ (ALCS), кој автоматски ја прилагодува висината на автомобилот во зависност од неговата брзина и звучи многу слично на типот на технологија што веќе широко се користи во автомобилската индустрија.

ALCS потоа работи во тандем со електронски контролираната „MR Fluid Active Damper Tube“ на THK, која користи топчести завртки за да го апсорбира и да го пригушува вертикалното движење на телото за да создаде побеспрекорен одговор.

LSR-05 располага со уште еден интересен систем, наречен „Динамички безжичен пренос на енергија“, кој овозможува „бесконтактно“ префрлување на енергија помеѓу погонските единици за да се подобри ефикасноста.

Генералниот директор и претседател на THK, Акихиро Терамацки, го рече следново: „LSR-05 ја претставува перспективата на THK за иднината на мобилноста. Го создадовме ова возило како платформа за да ја покажеме вредноста на иновациите на THK и како можеме да го забрзаме развојот на технологии за возилата од следната генерација“.